речник контакт

Слаб интерес за купување градежно земјиште во Велес

Наспроти најавите на одредени медиуми дека локациите се ефтини и ќе се продадат, праксата покажа дека тие се скапи а локацијата неатрактивна.

Петар Печков

Слаб интерес покажаа велешани за купување на локации наменети за станбена градба и за мало стопанство кои ги продаваше државата . 

Само два од понудените девет плацеви наменети за градежно земјиште се продадоа во индустриската зона ,,УЗУС,, кај Велес.На неодамнешното јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски,  овие градежни парцели се продадоа за 800 денари од квадрат, наспроти почетната  цена од 700 денари. Во економската зона комплекс „УЗУС", која е целосно инфраструктурно уредена, пат, вода, струја,  во последниве неколку години  Министерството продаде педесетина плацеви наменети за малото стопанство и таму работат триесет мали и средни фирми со 300 работници.

Најповолните понудувачи се должни во рок од 15 дена по завршеното јавно наддавање да ги уплатат средствата по што ќе биде склучен договор за отуѓување на земјиштето.

Истовремено во Министерството за транспорт и врски се продаваа три локации за изградба на семејни куќи, за кои не се јавиле заинтересирани лица па наддавањето не е одржано. Почетната цена за метар квадратен  беше 800 денари, а плацевите беа во населбата Тунел 2. На претходната лицитација за исто толку локации, во центарот на Велес, сите три беа продадени за неколку кратно повисока цена, што укажува дека за оваа место положба, Тунел 2, овие цени се високи.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »