речник контакт

Славица и Дејан први се венчаа во новата црква Св. Кирил и Методиј (фото)

За спомен на овој момент, младенците Здравеви од црквата добија на подарок икона

Петар Печков

Новата црква Св. Кирил  и Методиј  во Велес, само пет дена по осветувањето, на 10-ти септември, на 15-ти септември, петок ги прими првите младенци.

Во  неа својата осум годишна врска пред Бога ја крунисаа Славица дотогаш Алексова и Дејан Здравев. Првата венчавка се случи во 17ч.  а кумови на младите им беа  Билјана и  Благој Јаковлеви.

За  паметење на овој момент   кој влегува во историја на храмот, од свештеникот Горан Панзов добија  икона.  По оваа венчавка, следеа и други на младите велешки  брачни парови. Црквата веќе има договорено 30 други како и  исто толку крштавки.  

Благодарност до фото видео  студио Пента за отстапните фотографии 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »