речник контакт

Следната седмица започнува со работа очен доктор во велешка болница

Поради недостиг на офтамолог, имаше бројни реакции од родители на идни првачиња на кои им треба документ за упис, но и кандидати за полагање на возачки испит, кои поради немање очен лекар, комисијата еден месец не функционирала и не добиваа потребен документ

Петар Печков

По реакција на родители на деца кои треба да се запишат прво одделение а потребна е и потврда од офтамолог а него го нема во ЈЗУ Општа болница Велес и реакции на кандидати за полагање за возач, бидејќи нема соодветна лекарска комисијан која не е  целосна без очен лекар, ТрМр се обрати до оваа здравствена институција со  прашањето е кога ќе започне со работа очен лекар?

„Врз основа на Вашето барање за достава на информација за започнување со работа на очен лекар во нашата установа, Ве известуваме за следното: Спогодбата за соработка со очен доктор е потпишана и ке се започне со работа наредната недела“ – информираа од ЈЗУ Општа болница Велес.
 
Од 23 април нема очен лекар а  потребно е да се изврши офтамолошки преглед на сите деца кои од есен ќе започнат да посетуваат настава во прво одделение. Станува збор за 630 деца на пет годишна возраст од велешко, Велес , Градско и Чашка. Тие треба да се прегледаат до 30 мај, кога истекува рокот за поднесување пријава за упис, за што е потребен документ и од овој лекар специјалист.

Три седмици не работела и комисијата за издвање на лекарско за полагање на возачки испит, во недостаток на офтамолог, па реагираа и бројни, пред се матуранти кои имаат желба да го полагаат возачкиот испит.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »