речник контакт

Следните седум дена во Велешки театар по 22 пат, Фестивалот на античка драма „Стоби“ (видео)

Пет претстави, по една од САД и Италија на програмата на Фестивалот

Петар Печков

Од утре, среда до следната среда, во Велес ќе се одржи 22 издание на Фестивалот на античка драма „Стоби2025“. Ќе учестуваат пет претстави а ќе се доделат и традиционалните награди „Антигона“. 

„Театрите се помалку работат претстави на антички текстови, се потешко се доаѓа до нив како избор, се помалку продукции на оваа тема но и од постојните кои можеме да си дозволиме да се донесат во Велес. Од понудата во регионот, но и пошироко се трудиме да го донесеме најдоброто“ – рече Жарко  Спасовски директор на Фестивалот на античка драма Стоби. 

Среда вечер ќе биде изведена претстава „Агамемнон -кругот на крвта“    продукција на Ла мама експерименталниот театар од Њујорк. Четврток вечер е „Калигула“ на Кумановски театар, петок „Нешто големо“ на Академија Медитеран од Лече Италија, вторник на 4 номеври е „Ифигенија од ништо“ на Драмски театар од Скопје и за затворањето  среда на 5 ноември „Лекција“ на Штипски театар.

Жирито е во состав Јордан Витанов, Фаик Мефаиловски и Христина Атанасова Арсова актерка во Шптипски театар. Тоа треба да ги избере наградите за претстава, режија и машка и женска улога.


Фестивалот е финансиски поддржан од  Општина Велес и Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »