речник контакт

Слетаа од патот со автомобил, минаа со лесни повреди

Сообраќајката се случи близу Виларови бавчи на патот кон Бабуна, летнале од патот, прелетале преку пругата и паднале покрај Вардар

Петар Печков

Попладнево околу 16,10 часот на регионалниот пат Велс – Градско, на два километри пред кланицата Агрија се случи сообраќајка, информираше полицијата. Во несреќата две лица се повредени но минале со лесни повреди иако летнале од патот, ја прелетале пругата и паднеле покрај Вардар.

Според полицијата до несреќата дошло кога автомобил форд мондео, со велешки регистарски  таблички управуван од М.Ш ( 37 гдо) од велешко Црквино и С.Ш ( 37 год) од Скопје излетал од патот на свиокот близу месноста викана Виларови бавчи, кога патувале во правец кон Велес.

Сведоците пак велат дека местото  каде автомобилот излетал, е осојничаво, подмрзнато од водата која се слева од карпите и блискиот извор, поради што возачот изгубил контрола. По ова следел спектакуларен лет преку пругата во бавчите покрај реката Вардар.

Двете лица со возило на Итаната помош се пренесени во велешката Болница. Таму им се констатирани лесни повреди, па се пуштени на домашна нега. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »