речник контакт

Слики од Велес, изработени од ориз и синап

Од ориз се изградија куќите на Касапови, Џинот, црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас. Единствен избор, изработен во минијатури.

Петар Печков

Велешанката Снежана Лазарова создава слики кои се рачано изработени  како материјал користи ориз и синап. Оваа нејзина умешност таа ја нарекува луна и истата ја патентирала во Агенцијата за авторски права. Со создавање на овие несекојдневни слики започнала пред три години, иако уште како дете ја имала желбата и визијата дека може да работи дела од овој материјал. Така од ориз се изградија куќите на Касапови, Џинот, црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас, Плаошник, Камениот  мост  и Калето. Единствен избор, изработен во минијатури.

  На десетина години возраст беше мојот прв обид со изработка на слики со природни семиња, но тоа кратко траеше.  Потоа живот ме наведе на други води, паузирав со мојата скриена желба за работа многу години се до неодамна, кога започнав повторно да ја работам. Поточно сега се посветив целосно – објаснува Снежана.

  Делата ги создава исклучиво  од кочански ориз и велешки  црн синап. Тврди дека друг автор како неа нема во Македонија но и пошироко, во Европа, оти не сретнала вакви дела, дека таа е една и единствена. Затоа нејзиниот начин на цртање со помош на природен материјал го заштитила во Агенцијата за авторски права.

Техниката е именувана луна, по мојата љубов кон месечината  во која бев вљубена како дете и која за мене беше знак на романтика. Ги користам оризот и синапот, со чија помош црна и бела ги добивам контрастите на сликата. Можам да се пофалам дека успеав да ја внесам и третата боја во сликите, тоа е сивата, која ја добивам со посебна обработка на зрното и позадината – објаснува Лазарова. 

Таа веќе ја организираше и нејзината прва изложба насловена ``Света Марија Магдалена мојата муза,,. Таа била незиниот водич и утешителка  низ животот која и дала снага кога и било најтешко и најпотребно. За овие три години има создадено 13 дела со различни мотиви. Преовладуваат  слики од велешката стара архитектура, старите куќи.

Нацртани  се куќите на Касапови, Џинот, старата велешка чаршија, црквите Св. Спас и Св. Пантелејмон. Последно дело и е кањонот Пештина реката Бабуна, но наспроти не спиените ноќи и напорот, тие  ги вреднува преку оваа слика. Преостанатите  се со мотиви на Лесновскиот манастир, Осоговскиот манастир, Камениот мост, Соборниот храм и Калето во Скопје, Плаошник во Охрид. Планира да создаде 21 дело, поради векот во кој живееме.

Во зависност од мотивот зависи и траењето на правењето на сликата. Ако има мотивот  криви линии, карпи калдрма, и треба повеќе да се оцртуваат мотивите со помош на синап, потребни се 30-тина дена. Ако објектот кој се црта на слика во побела боја, тогаш оди побрзо до 15 дена. Од оваа работа може да се живее, да се заработува, но за тоа во иднина – вели Снежана Лазарова.

При нејзината прва изложба, била  посетена од делегација од Зеница, којатиј ден  дојде да се збратими со Велес. И понудиле кога сака да гостува во нивниот град, поради интересната содржина на сликите и начинот на изработка.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »