речник контакт

Слушнете ја химната на велешките извидници

Ова е дел од одбележувањето на шест децении на одредот Димитар Влахов

Петар Печков

Во рамките на прославата на Светскиот ден на извидништвото, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ - Велес, во просториите на Ликовниот салон ја организираше завршната манифестација по повод 60 години извидништво во Велес.

Во рамките на свеченоста се престави целокупната шеесет годишна работа на одредот и визијата за преминот во седмата деценија на работење на одредот. На оваа манифестација беше промовирана и првата градска извидничка химна “Над Велес знаме се вее“. Химната беше креирана врз музиката на Маршот на 8-та Велешка бригада која што велешани ја знаат како најава на почетокот на програмата на Радио Велес. Текстот е напишан од  Бојан Миклош член на одредот.

Химната можете да ја слушнете тука.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »