речник контакт

Снимање на јавни простори, по паркови нема

Агенцијата за заштита на податоците забранила поставување на видео надзор по парковите во градот, поради приватноста на посетителите

Петар Печков

Крадењето на меснгатана плоча од бистата на Петре Прличко,  во Младински, ја отвори дилемата како тоа никој не го констарирал исчезнувањето. Не се знае кога е украдена, оти никој од недлежните не видел дека плочата ја нема. Слично беше и со кршењето на враата  од цветнито замок, исто така поставен  во Младински.

Тоа пак го актуелизираше прашањето, зошто и покрај најавите парковите во градот не се снимаат со камери, бидејќи уништувањето на урбаната опрема одлева значајни средства.

 Од Агенцијата за заштита на податоците, ни беше забрането да поставуваме камери по парковите, како јавен простор, оти тоа ја нарушувало приватноста. Ова за мене е несфатливо, оти приватноста има сопственост. Градот мора да се грижи за тоа што е негово, наше. И затоа сум разочаран. Не ни дозволија ниту на влезовите во градот да поставиме видео камери. Во земји членки на ЕУ, градови со кои сме збратимени, имаат поставени вакви камери по паркови а криминалот и уништувањето на урбната опрема е намалено до 70 отсто – изјави градоначалникот Чадиев.

 Тој потенцира дека дури и за камерите кои треба да се постават во куќите музеи во градот, било потребно посебно барање оти биле споменици на културата. Тоа се оденсува на куќите на Рацин, Главинов, Џинот и Касапови. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »