речник контакт

Соба со пијано од 18 октомври во Велес

Најновиот македонски филм ќе се прикажува во велешкиот театар

Петар Печков

Најновиот македонски филм ,,Соба со пијано,, велешани ќе можат да го видат од 18-ти до 21 октомври во салата на театарот. Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење.

Фрагментите од животите на овие “егзистенцијалистички“ карактери се сосема доволни пред нашите очи да истече целиот нивен животен пат.
Мотивите се претвораат во фрустрации, амбициите и мечтите водат кон пропаст. Иако нималку слични, претставници на сосема различни социјални и културни групи, овие ликови се обединети во бесмислата на животот. „Соба со пијано“ е најновиот игран филм на Игор Иванов, по сценарио кое во заедничка соработка го напишаа Жанина Мирчевска и режисерот.


Глумци: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ ,Владо Јовановски, Наташа Петровиќ, Хајредин Фирдаус Неби, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Симона Спировска и Дениз Абдул

Режија: Игор Иванов Изи 
 Траење на филмот 102 минути, жанр драма

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »