речник контакт

Собираме, селектираме, продаваме во ОУ Блаже Конески

Собрани 1 тон хартија и 400 кг пет пластика. Средствата oод продажбата ќе бидат наменети за подобрување на квалитетот на наставата

Петар Печков

По повод Светскиот ден на еколошките движења  во  ООУ ,,Блаже Конески “ Велес се реализираше – еколошка кампања под  мотото ,,Собираме,селектираме,продаваме “,во соработка со ЕД,,Вила Зора“.Директни учесници во соработката освен учениците  и вработените, беа родителите на учениците кои несебично помогнаа во реализација на кампањата  .

Ова е уште една активност од проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од   програмата ,, Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ .Кампањата ја поддржаа и голем број институции од градот – изјави Славица Петрова координатор на проектот. 

Беа собрани 400 кг пластика и 1000 кг хартија .Средствата од оваа акција ќе бидат наменети за подобрување на квалитетот на наставата .

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »