речник контакт

Собирање пластика во Велес

Еколошката групација „Зелената сила“ ќе го чисти Велес од пластичниот отпад а овој проект ќе вработи две лица.

Петар Печков

Еколошката групација „Зелената сила“ ќе го чисти Велес од пластичниот отпад а овој проект ќе вработи две лица. Од овој месец на десетина локации во градот ќе бидат поставени 50 контејнери со различна големина од 120, 240 и илјада литри во кои граѓаните ќе можат како отпад да ги депонираат пластичните шишиња. 

За реализација на овој проект, кој се реализира преку Регионалниот Еколошки центар со седиште во Будимпешта обезбедени се контејнери и десет илјади евра финансии.

Со него ќе бидат работно ангажирани две лица кои ќе се грижат за собирање на пластиката и нејзина  продажба а собраните пари ќе бидат наменети за нивни плати и обезбедување на нови контејнери.

Во Велес успешно се спроведува сличен проект, преку кој неколку години ЕД Вила Зора ја собира старата хартија на повеќе локации и институции во градот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »