речник контакт

Собранието се самораспушти - предвремени избори во јуни

Тримесечното натегање има- нема парламентарни избори заврши. Собранието се распушти, изборите најавени за почетокот на јуни

Петар Печков

Собранието на Република Македонија на денешната 149. седница ja изгласаа одлуката за сaмораспуштање, со што заврши мандатот на досегашниот пратенички состав и се отвори можност за распишување предвремени парламентрани избори.

За одлуката за распуштање на законодавниот дом, што ја предложи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со поддршка од 79 парламентарци, „за“ гласаа вкупно 79 пратеници, немаше против, ниту воздржани. На седницата покрај парламентраното мнозинство, присуствуваа и пратениците на опозициските ЛДП, ДПА, НД, но не и на СДСМ, НСДП и ЛП.

Вељаноски најави дека по распуштањето на Собранието утре ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни.  Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот.

Досегашниот, беше шести парламентарен состав од осамостојувањето на Република Македонија, а беше избран исто така на предвремени парламентарни избори на 1 јуни 2008 година.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »