речник контакт

Собрани 153 крвни единци во есенските дарителски акции во средните училишта

101 лице се нови дарители а 61 се женски. Најмногу собрани крвни единици имаше во ,,Коле Неделковски,,

Петар Печков

Велешките средношколци во есенската крводарителска акција даруваа 153 крвни единици што е повеќе за 22 од ланската есенска а 16 помалку од пролетната .  Од сите крводарување есенва 101 се на нови дарители, 92 се машки и 61 женски. 

Во четирите акции организирани во четирите средни училишта најмногу крв даруваа во  УЗУС ,,Коле Неделковски,, 49 од кои 43 мажи, 6 жени а  29 први дарувања. Во Хемиското „Димитрија Чуповски,,  имало  44 дарувања од   16 мажи, 28 жени  а од нив  33  биле нови дарители.  Во Гимназија  Кочо Рацин  крв дарувале 37 лица, од нив мажи 20, жени 17 а  нови дарители биле 28. Во Економското училиште  ,,Јовче Тесличков,, има  23 дарувања од  13 мажи и  10 жени,  11 се први дарувања.

Споредбено лани есента од 131  имало 89 нови дарители а 54 биле женски,  додека пак во пролетните акции тогаш имало 91 лице кое за прв пат дарувало крв а од вкупниот број 169 лица,  84 биле женски. 

Организатор на крводарителските акции беше Основната организација на Општинскиот Црвен Крст од Велес  заедно  со Институтот за трансфузиона медицина.

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »