речник контакт

Советниците едногласно ја прифатија иницијативата училиштето од Бузалково, да биде самостоен правен субјект

Ова училиште, со подрачните во Сливник и Клуковец се дел од ОУ Васил Главинов и настава посетуваат 371 ученик

Петар Печков

На последната  54-та седница на Советот на Општина Велес, едногласно помина иницијативата Основното училиште  во Бузалково, да добие статус  на самостоен правен субјект. Сите 20 советника, присутни на он-лајн седницата гласале ,,за,,.

Ова училиште со подрачните во Сливник и Клуковец се дел од ОУ „Васил Главинов“.  Предлогот на градоначалникот Аце Коцевски е  Основното Училиште во селото Бузалково да постои како посебен правен субјект, бидејќи ги исполнува условите за тоа,  кои се предвидени со закон.

По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа се одлучив за овај предлог  - вели градоначалникот Коцевски.

Во подрачното основно училиште во Бузалково има 17 паралелки, учат вкупно 371 ученик, во подрачното основно училиште во Сливник има пет паралелки и вкупно 90 ученици, а во подрачното основно училиште во Клуковец учат 51 ученик во пет паралелки. Со оваа иницијатива, овие подрачни училишта ќе можат да се издвојат од централното основно училиште „Васил Главинов” и да формираат посебен правен субјект. Постапката продолжува натаму со следните правни чекори.  

Во велешко постојат шест основни училишта: ОУ Панко Брашнаров, ОУ СВ. Кирил и Методиј, ОУ Блаже Конески, ОУ Васил Главинов, ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари и ОУ Стојан Стојчески Буридан во село Иванковци  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »