речник контакт

Советниците од опозицијата во Велешкиот Совет ја напуштија седницата

Десетата седница на Советот на Општина Велес се одржа без опозицијата, власта ги повика да се издигнат над нивните тесно-партиски интереси

Петар Печков

Десетата седница на Советот на Општина Велес се одржа без опозицијата откако советниците на СДСМ, поддржани од ЛДП и НСДП ја напуштија на нејзиниот почеток. Координаторот Благој Коларов информира дека тоа го сториле поради полисискиот случај,,Претседавач,, .

 За СДСМ акцијата „Претседавач“ е монтиран случај и обвиненијата на сметка на Шиповиќ се со единствена цел да се рекомпонира Советот во Центар и да се спречи објавувањето на документи за „Скопје 2014“, но и за други случаи,каде луѓе од власта се вмешани во криминал и корупција. Затоа се повлекуваме од работата на оваа седнциа – изјави Коларов.  По ова десеттемина  советници ја напуштија салата. Советниците од владеачката партија  продолжија  со работа

 Очекувам дека ќе Ве видиме на наредните седници, во оваа сала оти се донесуваат одлуки за граѓаните. Местото Ви е тука со Вашиот интелектуален капацитет да продолжите да работите во интерес на тие што Ве избрале – изјави Александар Колев претседавач на Општина Велес.

Локалниот ОК на ВМРО-ДПМНЕ пак  ги повика членовите на Советот од СДСМ ,,да престанат со ваквите опструкции и злоупотреби на Советот. Да се воздигнат над нивните тесно-партиски интереси и во интерес на граѓаните на Општина Велес да се вратат во работата на советот, на тој начин што ќе го зачуваат достоинството на градот,,.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »