речник контакт

Советот одлучи Градскиот базен да се изнајми

Месечната цена е 74 илјади денари а се изнајмува за период од три години. Така базенот би проработил до крајот на месецов

Петар Печков

Советот на Општина  Велес  на денешната седница едногласно го  прифати предлогот Градскиот базен да се изнајми а  закупувачот да  ги отстрани сите недостатоци кои беа претходно  пронајдени, од страна на стручните лица за да работи.  Изнајмувањата  е на  времено користење на објект сопственост на Општина Велес а ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање.

Подолго време работиме на концептот за подолгорочно санирање на состојбата на Градскиот базен.  Состојбата е ужасна, стар 40 години, во минатото не е инвестирано ниту денар. За негово оспособување за летово потребни ни се 4,5 милиони денари. Имаше заинтересирани лица, кои се откажаа, па дојдоа претседателските избори и не можеше ништо да се преземе околу градежните зафати. Знам дека јавноста очекува базенот да работи и се ќе направиме тој да работи. Овој начин, преку изнајмување е полесен, оти приватните инвеститори немаат законски рокови за тендери и проекти. Има заинтересирани лица, еден од Велес и еден од Кавадарци, кои сакаат заеднички да го изнајмат, имале искуство со базенот во Кавадарци. Така би заштеделе финансиски средства во Буџетот, кои ќе се искористат за други проекти - кажа градоначалникот Аце Коцевски.  

Претходниот сопственик останал должен на локалната власт за три години неплаќање  1,8 милиони денари, а од нив дел 1,3 милиони преку залог  биле наплатени. Останал должен 500 илјади денари. 

Почетната месечна  цена за изнајмување на Градскиот базен  би била 74 илјади денари. Одлуката едногласно беше прифатена од сите 20 присутни советници. Од закупнината ќе бидат одбиени сите средства кој закупецот ќе ги вложи во поправка на оштетените делови од објектот. 

Градоначалникот рече дека пред извесно време бил откриен сериозен дефект на испусна   мрежа. Бил запушен цевководот кој водите од базенот ги носи во реката Вардар. Поправката би чинела 300 илјади денари и тоа заеднички Општина Велес и ЈКП Дервен ќе го санирале. Со сите можни рокови, базенот кон крајот на месецот би бил отворен за капачите. Доколку не се јави на повикот никој заинтересиран,  градоначалникот Коцевски најави дека општината паралелно ќе ги работела нејзината обврски, со тоа што тогаш базенот би проработел подоцна, поради законските рокови. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »