речник контакт

Солзи и радост за благодарност до докторот

Трогателна беше средбата, која ТРМР ја оствари, меѓу семејството Димовски и докторот Јовиќ, кој му даде брза и стручна помош на детето кое беше повредено од удар во кола, откако бегаше пред глутница кучиња

Петар Печков

 Средбата  помеѓу Петар и докторот  кој прв му пружи помош на тешко повреденото дете, беше  случајна но трогателна. Семејството на Петар, кој го преживеа ударот во автомобил, откако глутница кучиња го бркаше,  имаше голема желба да го запознае со докторот кој прв му притрча и му помогна на детето кое потоа  беше во кома. Ова тие го истакнаа при посетата на нивниот дом и повредениот Петар.

Сакаме да го запознаеме докторот кој дошол и му ја дал неопходната помош на нашиот син. Тоа било најважно во тие мигови. Не знаеме кој е ама имам големо фала – велеше мајката на Петар.  

ТРМР кој прв ја објави веста и ве информираше за овој случај, знаеше дека докторот кој му ја даде помошта е д-р Горан Јовиќ.

Седев во блискиот кафиќ и кога го слушнав ударот, отидов да видам што се случило. Бараа доктор за да му помогнам на повреденото дете. Тоа и го сторив, без  оглед што не бев на работа, не можев да преминам сообраќајка да се случува пред мои очи а јас само да гледам. Знам дека пота детето беше итно префрлено во Болница а од таму во Клинички во Скопје – вели д-р Јовиќ.

 Денес, на поаѓањето на Вардарската регата, меѓу бројните присутни беше и Петар и неговата мајка, кои биле уште порано, додека е свежо, на преврска. А тука беше и д-р Јовиќ кој е лекар на регатата. Знаејќи ја заедничката желба да се запознаат, а не познавајќи се еден со друг меѓусебно ,  ТРМР им ја исполни и ги спои.

Солзите на мајката од Петар беа најголемото благодарам за докторот, за која таа верува дека имал голем удел да го спаси нејзиниот син. Не можеше да изусти ни збор додека солзите се тркалаа по незиното лице, но успеа само да каже фала доктори. Тој пак се заблагодари и рече дека тоа е негова обврска, да им помага на луѓето. Се интересираше за здравјето на Петар, кој рече дека добро се опоравува.  Семејството Димовски  му изрази вечна благодарност  на доктор Јовиќ за тоа што го спасил нивниот син и му дал втор живот, со брзата и стручна помош.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »