речник контакт

Соната гостин на музичко шоу во Белград

Кога на македонските телевизии нема место за настап, тогаш на гости во Белград

Петар Печков

По покана од директорот на продукцијата СЕЗАМ,  српски одговор на Гранд шоу, велешката фолк група Соната гостуваше во ова гледано и популарно шоу на Телевизијата  Коперникус во Србија. Тие таму  беа гости во две нивни програми, кои во следниот период ќе ги видат гледачите ширум светот. 

Прекрасно минавме, иако беше напорно, но сепак задоволство е што така гледано шоу реши да не покани за гости.   Испеавме по две песни во двете шоу и тоа македонски наши новокомпонирани песни и една стара но позната, разговаравме на македонски. Беше  преубаво искуство и одличен прием. Знаете кога кај нас во Македонија имаме само две специјализирани емисии за народна фолк музика, на МТВ и Алфа, и кога ретко не има на малите екрани, ова беше освежување – вели Катерина Брезева вокалистка на групата Соната.

Тие во Белград настапија со нивните фестивалски песни  Розо нересцутена, Барај око,  Бекрија мераклија и со Бело лице љубам јас. Во ова шоу освен Соната гостин бил и Ферус Мустафов, како и некои српски пеачки.

Имавме можност да настапиме и со големата балканска ѕвезда, кларинетистот Боки Милошевиќ. Иако тој има 83 години, се уште е активен, свири во составот на СЕЗАМ продукција, тој настапува. Имавме и еден заеднички настап, отсвири една  песна со нас, што за Соната  е голема чест да се свири со такво музичко име. Не пофали, му се допадна нашата музика – среќна раскажува Кате.

Таа и членовите на групата Соната  сега се подготвуваат за претстојниот фестивал Цветници, каде ќе настапат со песна н фолк мејкерот  Григор Копров. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »