речник контакт

Соната промовираше двојно ЦД и ДВД со стари велешки песни

Велешката фолк група „Соната“ го промовираше нивното двојни ЦД и ДВД со македонски староградски песни, прво од таков вид во Македонија. На него се наоѓаат десет стари песни, повеќето велешки и едно оро а именувано е „По трагите на песната“.

Петар Печков

Велешката фолк група „Соната“ го промовираше нивното двојни ЦД и ДВД со македонски староградски песни, прво од таков вид во Македонија. На него се наоѓаат десет стари песни, повеќето велешки и едно оро а именувано е „По трагите на песната“. Истото е работено во текот на месец април и мај на повеќе локации во Велес и претставува музичка разгледница на градот.

Го негуваме староградскиот стил на музицирање, така што овој производ е само продолжение на нашата музичка определба. Згора на тоа истото е слика на стариот Велес, бидејќи видео-спотовите се снимани во Народниот музеј, во куќите на Васил Главинов и Касапови. Изборот на песните е резултат на тоа што публиката најмногу го бара на забавите каде настапуваме- вели Катерина Брезева, вокал на групата „Соната“ оформена 2000-тата и постои веќе девет години на македонската фолк-сцена. За овој период имаат настапувано на Валандовскиот фестивал, Тетовскиот Фолк фест и Гоце фест.Режисер на спотовите е Тоде Спасовски, а камерата на Драги Таневски. Тие објаснуваат дека немале намера спотовите да ги врзат со темата од песните, туку ги снимале како разгледница и оживување на стар Велес. Меѓу десетте песни се наоѓаат : Во влашкото маало, Болен ми лежи, Елено ќерко, На Којник дуќан да имам, По Бузаана да шетам, Сербез Донка. Соната ја сочинуваат освен вокалот Катерина Брезева и: Никола Димовски бас гитара, Раде Митрески удирачки инструменти, Тони Нанев тапан и Трајче Бондиќев клавијатури. Двојното ЦД и ДВД „По трагите на песната“ го издаде Мистер компани од Гостивар од каде може да се купи он-лајн http://www.mister.com.mk/eng/delivery.asp . Промоцијата се одржа во ресторанот „Ден и ноќ“ во Скопје и се совпадна со 25-тиот роденден на вокалот Катерина Брезева.


\"\"

Торта од брат Љубе Бошковски за двојното ЦД и ДВД и 25-тито роденден на Кате


\"\"

Младите играорци од Керамичар

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »