речник контакт

Сообраќајка, сообраќајка, сообраќајки

Три сообраќајки за 24 часа, во неа еден починат, шест повредени, едно возило излетано на пругата и застој на железничкиот сообраќај од четири часа

Петар Печков

Саботата наутро, околу 03.30 часот на автопатот А1  Велес – Гевгелија, кај место викано  ,,Арсова лака“ се случи сообраќајна несреќа во која има еден   починат.  

Во неа учествуваа автомобил  марка „Сеат леон“ со неготински регистарски ознаки управуван од С.Ј.(24) од Неготино и автомобил  „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.Ч.(65) од Скопје. Во незгодата на местото на настанот починал С.Ј. а Ѓ.Ч. со тешки телесни повреди е пренесен во Општа болница – Кавадарци – информираа од СВР Велес.  

Петокот наутро во  4,30 ч., кај местото викано Венуле автомобил излетал од  делницата на  автопатот Велес – Неготино. Автомобилот бил марка ,,БМВ,,  со кој управувал Д.Б. ( 36 год) од Скопје а имало и двајца патници Х.Т. (18 год) и П.Г. (54 год). Трите лица биле пренесени во Општа Болница Велес на хирургија и по пружената помош пуштени дома.   

Вчера ,петок, попладне, автомобил излета од пат и заврши на пругата. Поради ова железничкиот сообраќај на делницата Велес-  Гевгелија беше во прекин четири часа.

Такси возило со велешки регистарски таблички, марка ,,шевролет спарк,,  излетало од регионалниот  пат Велес  - Градско, близу манастирот Св. Димитрија. Настанот е пријавен во 17,.20 ч. Возилото го управувал возачот Б.Ѓ. ( 38 год) од Велес а во него како сопатник бил Г.Д. (44 год). При излетувањето отштетени се неколку заштитни  бетонски столбови. Двете лица со возило на ИМП  биле префрлени  на хируршкото одделение   во Општа Болница Велес, каде  се констатирани телесни повреди и задржани на опсервација – информираа од МВР.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »