речник контакт

Сообраќајка, сообраќајка, тепачка

Досега автомобилите удираа во крави кои шетаа по автопат,сега во волк, кај Кула. Што се случуваше викендов во Велес

Петар Печков

Велешката полиција информираше за три карактеристични настани, кои се случија изминатиот викенд. Има две сообраќајки и една тепачка.

Во саботата на 31-ви март,  на ул.„ Коце Димов – Витамин“ во Велес, случена е сообраќајна незгода во која лицето С.Ј.(62) од Велес, движејки се по улицата со мопед марка „АПН 4“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот од што се здобил со пореди. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде е констатирана скршеница на колкот и поради сериозноста на повредата е пренесен на Ургентен Центар во Скопје- пишува во соопштнието на СВР Велес.

Во петокот во 18.45 час. на автопатот А1 Велес-Скопје кај м.в. „Пуста Кула“ во близина на зимскиот пункт на „Македонија пат“ дојдено е во сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски броеви  управувано од Н.П.(35) од Скопје во волк. По незгодата возачот и сопатниците Д.Т.(19) и С.Х.(30) каде Д.Т. е задржан на лекување, а возачот и другиот сопатник се пуштени на домашно лекување - стои во информацијата на СВР Велес. 

Во неделата на  1-ви парил,  околу 20.30 чaсот кај   м.в.„Штипска Клучка“ бил Ж.Л.(25) од Велес, кај него  дошле М.Д.(27) и С.Ш.(34) и по кратка вербална расправа помеѓу Ж.Л. и М.Д. лицето М.Д. му се извинило и му пружило рака за да се помират, но, во истиот момент Ж.Л. со нож во рака го нападнал и со неколку удари му нанел повреди на главата по што, другар му С.Ш. повикал Брза помош и повредениот со нивна кола бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Велес каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување- информираа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »