Петар Печков
Објавено: недела, 16 јули 2017
Саботата напладне околу 15 часот на спојот од регионалниот пат Чашка- Лисиче, со земјен пат кој се наоѓа на околу 15 метри после мостот на река Тополка, се случила сообраќајна незгода со еден тешко повреден. Сообраќајката била на мопед и автомобил.
Сообраќајната незгода е помеѓу мопед „АПН-6“ со велешки регистарски ознаки управуван од А.П (17) од Чашка и патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со велешки регистарски ознаки управувано од З.М (49) од село Долно Јаболчиште- Општина Чашка. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, А.П кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Јавната здравствена установа Велес- Хируршко одделение. Од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржан на лекување – изјавија од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР- Велес, при што било констатирано дека двајцата возачи не поседувале важечки возачки дозволи, a поради технички причини не е извршено алкотестирање на истите. Возилата биле упатени на технички преглед.
Tweet |