речник контакт

Сообраќајка кај Ветеринарната, повреден моторист

Во незгодата учествувале мопед и автомобил

Петар Печков

Денес, петок на пладне случена е сообраќајна незгода близу Ветеринарната станица. Повреден е мотористот, кој подоцна е пуштен на домашно лекување.

Околу 12.30 часот на општинскиот пат Велес – село Раштани, кај Ветеринарната станица  „Велес“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед марка „Кимко“ без рег.броеви управуван  од  Р.И.(52 год) од Велес и патнички автомобил марка „Тојота РАВ 4“ со велешки рег.таблици управуван од  Д.Н.(45 год)  од Велес. Во незгодата е повреден возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување - соопштија од СВР Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за незгодата.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »