речник контакт

Сообраќајка кај Валандово со еден починат

Починал возачот на 128 застава, кој бил удрен од камион мерцедес

Петар Печков

Четвртокот  претпладне, околу 10.40 часот на регионалниот пат раскрсница Дојранска во Валандово, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион  „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.П. (53) од с.Куклиш и автомобил  „Застава 128“ управувано од Т.Г. (80).

Во незгодата со повреди се здобиле возачот н автомобилот Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г.  им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

Според очевидците  директно се судриле "застава 101" со скопска регистарска таблица и камион ТАМ од Струмица кој влечел приколка натоварена со работна машина.

Слушнавме силен удар и видовме како двете возила излетаа од патот. Автомобилот од Дојран сакаше да сврти лево кон Удово, а "тамчето" одеше право од Валандово кон Струмица. Веднаш притрчавме. Возачот на автомобилот беше во бессознание, но пулсот му работеше- велат очевидците, лица кои продаваат смокви на крстосницата. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »