речник контакт

Сообраќајка на две малолетнички, излетале со автомобилот од патот

Излетувањето се случило близу крстосницата кај Башино село, едната од девојките префрлена на клиниките во Скопје на претраги

Петар Печков

Вчера, средата напладне, автомобил излетал од патот и се превртел. Полесно се повредени двете девојки кои биле во него и биле малолетни.  Сообраќајката се случила околу 11ч. близу крстосницата за Башино село, на улица акдемик Пенчо Давчев.   Од МВР го потврдија настанот. 

Автомобил марка опел тигра, управувано од девојка малолетник излетало од патот, удрило во дрво. Двете девојки  со возило на Брзата помош се префрлени во велешката Болница - информираа од МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница  портпаролот Марина Андова изјави дека биле донесени две малолетни девојки, возачот бил со лесни телесни повреди а сопатникот префрлен на скопските клиники заради снимање на комјутерски томограф, но не била во живното загрозувачка состојба. 

Екипа на СВР Велес извршила увид, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »