речник контакт

Сообраќајка пред тунелот Катланово

Тројца повредени,меѓу нив и полицаец

Петар Печков

Претпладневно се случила сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје, на околу 300 метри пред тунелот во Катланово. Според МВР  во сообраќајката има тројца повредени, откако   џип со струмички таблички, од засега непознати причини, се превртел на патот. На местото на настанот излегла полициска екипа, за да го обезбедува местото, додека не пристигне увидната екипа.

Неколку моменти по несреќата со џипот, кон полициските службеници и превртеното возило со голема брзина се приближувал „голф“ кој удрил во џипот, во полициското возило како и во полицискиот службеник кој бил на службена должност.

Според информациите на полицијата  повредени се три лица и тоа полицаецот и возачите на двата автомобили. Сите се пренесени на скопските клиники. Во сообраќајката последниот  од повредените, од голфот, го ваделе од оштетениот автомобил  велешките пожарникари, кого го згрижила екипа на итната помош од Велес.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »