речник контакт

Сообраќајот отежнат, прекини нема

Со потешкотии се одвивал сообраќајот кон Чашка, Извор, Богомила и Јаболчишта

Петар Печков

Според збирната информација добиена од Центарот за управување со кризи во 10 ч. сообраќајот во поширокиот велешки регион се одвива отежнато, но прекини немало. Снегот кој вчера  падна, го поремети редовниот патнички сообраќај.

Најмногу проблеми засега имало на   делницата кон Чашка и Извор, каде имало застој поради извртен автомобил на сообраќајната лента.  Со потешкотии се одвива и сообраќајот кон Богомила и селата Долно и Горно Јаболчиште. 

Се расчистуваа и снегот на патиштата кон Отовица, Иванковци, Мамутчево, Сујаклари, Оризари, Сливник и Бузалково, но според податоците кои ЦУК ги добил од локалната власт, застој немало. Екипи на ЈКП Дервен, ГП Изгрев и ЈП Македонија пат биле на терен и го расчистувале снегот.   

На Автобуската станица Велс досега автобусите стигнувале со 10 до 15 минути задоцнување, додека на железничка станица Велес единствено доцнел утринскиот од Битола 20 минути, сите останати биле на време. Се чистат и главните градски улици. Годинава за чистење на патишата и улиците во велешко тендерот во висина од 2 милиони денари го добија Изгрев и ЈП Македонија пат.     

АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »