Петар Печков
Објавено: петок, 28 јуни 2024
Јоланта Гжелчик, сопруга на Полскиот амбасадор во Скопје, донираше 50 наслови, книги за градската библиотека Гоце Делчев. Тоа се исто толку дела од полски автори, преведени на мекдонски јазик.
Гостинката Гжелчик е кооридинатор на проектот „Полска на полица“, со кој полската литература се приближува на читателите во Македонија, преку вакви донации на културни институции, на книжевни дела преведени на македонски јазик.
При посетата, Јоланта Гжелчик го посети и Народен музеј Велес каде што кустусот Елица Николова ја запозна со животот на велешани низ векови наназад, со историјата на градот и неговите познатите личности низ времето.
Tweet |