речник контакт

Соседните фабрики и жителите на Горно Оризари против фабриката за дизел гориво

Иако инвеститорот тврдеше дека жителите на Горно Оризари се согласиле фабриката да се гради во близина на населбата, тоа во пракса се покажа неточно

Петар Печков

Локацијата за изградба на фабрика за дизел гориво  во близина на Велес ги разлути   соседните фирми лоцирани на  просторот од некогашна Свилара, а околното население не се согласува. Во одбрана на постројката застана еколошка организација  а фирмата инвеститор не се откажува таму да ја гради инсталацијата. Таа е вредна 12 милиони евра, треба да произведува дизел гориво и да вработи 50 лица.

Категорично против сме фабриката да се гради на локацијата во близина на нашата населба, бидејќи таа е во категоријата на преработка на  опасни материјали.  Мислиме дека тоа ќе има последици по здравјето на жителите. Никој не не убеди и не понуди докази  дека фабриката  е безбедна  – вели Исмет Ајдиновиќ претседател на месна заедница Горно Оризари, населба која брои три илјади луѓе.

Дел до нив имаат обработилива земја до фабриката, која се наоѓа на стотина метри од последната куќа во населбата. Фабриката треба да се гради на имот, кој неодамна Владата го пренаменила од земјоделско во градежно земјиште. На ова се спротивставуваат стопанствениците од соседниот  индустриски комплекс кои брои неколку фабрики.  Тие тврдат дека започнале постапка за промена на Деталниот Урбанистички план и тука планираат да се гради станбен и спортски комплекс. И едните и другите посочуваат дека располагаат со имотен лист за постојната локација, број 1911.

Не сме против инвестицијата, но не на постојната локација. Со неа се загрозува здравјето на 400-тие вработени  кои тука работат и нивната безбедност . Таа спаѓа во  тешка загадувачка наспроти постојната која е лесна  преработувачка  – вели Соња Пашовска од Соми Вел текс. 

Во одбрана на  германската инвестиција од  компанијата ,,ГРАД Екологија,, застанаа од Еколошката групација ,,Зелена сила,,. Тие сметаат дека фабриката за дизел гориво нема да загадува, откако посетиле таква инсталација во Германија.

Фабриката  работи во затворен систем, во кои цврстиот отпад и отпадните масти и масла ќе се преработуваат. Дизелот во овој случај не се добива од фосилни горива, туку од секундарни суровини. Фабриката е без оџак и без отпаден материјал   – вели Александар Кукулев од ЕГ Зелена сила.

За познавачите на ваквите фабрики пак најважно е  пак како ќе се спроведува системот на контрола на  нејзината работа. Сите овие реакции ги слушнаа и надлежните од Министерството за екологија и Министерството за транспорт и врски, кои присуствуваа на јавната презентација на овој проект.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »