речник контакт

Состојбата со ковид-19 е крајно критична, во Болницата доаѓаат се потешки здравствени случаи

Барањето на приватните лекари за тријажен центар се уште без одговор. Започнаа активностите за изградба на монтажната ковид болница

Петар Печков

Состојбата со заразени од ковид-19  во велешко е крајно критична, ова е оценката на Општинскиот Кризен штаб, која денес  на прес конференција ја пренесе градоначалникот Аце Коцевски. До вчера во велешко имаше 757 активни случаи а бројот на починати заклучно до денес е 53 лица, за два дена починаа шест лица, четири денес.

Состојба се смирува ако се прават споредби со состојбите од пред десетина дена. И натаму мораме да бидеме сериозни и максимално одговорни.  Здравствените работници прават максимално  што можат во рамките од нивните надлежности. Но и тие се преморени и затоа да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство  - порача Коцевски.   

И покрај барањата на матичните доктори од Велес за отворање на триажен -приемен центар, за лицата позитивни или сомнителни на ковид-19,  досега нема  решение. Останува само констатацијата на кризниот штаб, дека проблемот е сериозен иако приватните доктори бараат таков центар уште  пред две седмици.

Градоначалникот кажа дека започнале активностите за изградба на монтажна  ковид болница, во кругот на постојната, на местото до хелидромот, за што локалната власт издвоила 1,5 милион денари, за изградба на инфраструктурата. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »