речник контакт

Со веслањето кајак крос, Петрушев го заврши настапот на Европските спортски игри

Македонија во Краков освои една медалја, сребро во таеквондо за Дејан Георгиески

Петар Печков

Со веслањето на кајак крос, ново олимписка дисциплина, Ангел Петрушев го заврши настапот на Европските спортски игри, кои се одржаа во Краков Полска. Тој во конкуренција на 52 натпреварувачи беше 28 со време од 70:20 додека првопласираниот во квалификациите имаше време 61:58. Во четврт-финалето се пласира првите 16 кајакари.

Оваа дисциплина, за разлика од кајак слалом има само 4 врати и поголемиот дел од патеката се вози право. Таа ќе се најде на следните Олимписки игри во Париз.  Во Краков заедно со Петрушевски беше и неговиот тренер Димче Стефановски.

На Европските Олимписки игри во Краков Македонија освои еден медал сребрен во теквондо од Дејан Георгиевски.  Домаќинот на следните Европски олимписки игри ќе биде познат во октомври. Првите се одржаа во Баку 2015, вторите во Минск 2019 година. Претходно Македонија има освоено две бронзи и двете во Баку, во кaрате од Емил Павлов и Мартин Несторовски.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »