речник контакт

Со вонреден воз за Прилеп на пиво фест

Возот ќе сообраќа в сабота и недела. Од Велес ќе тргнува во 11,42 а од Прилеп 1,48 по полноќ

Петар Печков

Поради зголемениот интерес за присуство на Фестивалот Пиво фест во Прилеп, МЖ Транспорт и годинава до Прилеп  ќе пушти во сообраќај вонреден воз. Композицијата на возот ќе биде составена од штотуку реновираните патнички вагони. Возот ќе сообраќа в сабота и недела.

Во Велес  во правец кон Прилеп ќе тргне во 11:42, од Богомила во 12:34, а во Прилеп ќе биде  во 13:15 часот. Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа в недела и понеделник, со време на тргнување во 01:18 часот по полноќ. Во Богомила  возот ќе пристигне во 01:58, во Велес во 02:49.

МЖ Транспорт потсетува дека кон Прилеп  во деновите на „ПИВО ФЕСТ“, сообраќаат и редовните патнички возови кои од Скопје тргнуваат во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:38 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот.

Цената на повратен билет на релацијата Велес  - Прилеп - Велес изнесува 254  денари. Исклучок е деловниот воз „Хераклеа експрес“  за кого треба да се доплатат 22 денари за повисок ранг воз и 27 денари за резервација за место за седење.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »