речник контакт

Со гала свеченост отворена винаријата ,,Стоби,,

Најмодерна винарија изградена по светски терк, ,,Стоби,, вредна 18 милиони евра, беше предадена вчеравечер во употреба во населбата Градско.

Петар Печков

Таа може да произведе 5 милиони литри вино годишно од кои 300 илјади литри се во буриња, комплетното количество е преработка од сопствените 600 хектари лозје кои даваат род од 8-9 милиони килограми грозје. Целта на компанијата  АД Вардар од Градско во чии рамки работи е да се постигне светски квалитет а произведеното да се продава во прифатливи цени за македонските потрошувачи, најави сопственикот Минчо Јорданов, кој по металургијата се зафати да работи и во земјоделието.

Ќе го спасиме македонскиот пазар од вишокот на грозје кој досега како одгледувачи на лозје го нудевме, и сега во заокружен производен процес тоа ќе го преработуваме во квалитетно вино. Тоа е произведено во чисто еколошка средина и од органско производство што е реткост и во Европа. Македонија за жал не произведува добро грозје, туку големо количество кое не е квалитетно по шеќерноста и затоа треба да произведуваме контролирано количество кое ќе има своја вредност на пазарот преку квалитетно вино. Овој објект  не е само значаен во регионот туку и за државата по неговата извозна ориентираност – изјави Минчо Јорданов сопственик на винаријата ,,Стоби,, .

Тој најави дека нема да вршат откуп од индивидуалните лозари. Винаријата има капацитет да преработи 60 илјади кг грозје и да флашира 5 илјади шишиња за еден час, што ја вбројува во големите капацитети. Таа е целина за чиј идеен проект архитектите ја имаат добиено биеналната награда на државно ниво, при што објектот опфаќа  5 сали за дегустација, сопствен ресторан и продавница на вино, вработува 30 лица а преку лозарството 400 работника.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »