речник контакт

Со гол во продолжението ФК Борец до победа над ФК Шкупи и три бода (видео)

ФК Борец - ФК Шкупи 2:1 (1:1)

Петар Печков

Градски стадион: Зоран Паунов

судија: Качевски Струга

стрелци:  Христов 28, Прелчец 92 за ФК  Борец;  Јурина 23 за  ФК Шкупи

ФК Борец: Мустафа, Ефтимов (ж), Ѓорѓиев, Христов, Коцев, Николовски, Пеев, Прелчец (ж), Ристовски, Стоименовски, Стојковски  играа и:  Абаз, Трајков, Гавриќ 

ФК Шкупи: Тулио,   Адили, Бајрами,  Диацк, Илиевски (ж), Исеини, Јурина, Мухарем, Овоно, Серџио, Стојановски  (ж)   играа и: Билали, Дарбое, Оумар

Со гол во судиското продолжение, ФК Борец дојде до победат и трите бода за избегнување на последното место на табелата. Големата радост на домаќинот и бројната публика ја донесе хрватскиот интернационалец  Прелчец. Ова е трета победа за велешкиот прволигаш. Како и на претходниот натпревар со ФК Струга, гостите први постигнаа гол и поведоа со голот на босанскиот интернационалец Јурина во 23. Христов бргу враќа, во 28 м. за израмнување. И двете екипи имаа удари кон противничкиот гол, но или непрецизни или голманите ги бранеа.

Со оваа победа, втора во низа,  ФК Борец го препушти последното место и сега е деветти со 11 бода, во група со уште две  екипи со ист број бодови. Следното коло се игра веќе в среда, кога велешани гостуваат на лидерот ФК Вардар во Скопје, кој има 21 бод. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »