речник контакт

Со еден проект во населба Чашка, 40 отсто од жителите ќе добијат асфалт и атмосферска канализација

Проектот е вреден 15 милиони денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Петар Печков

Со еден проект, без малку половина населба Чашка ќе добие асфалтирани улици и атмосферска канализација. Ова денес го најави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски кој  заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и неговиот заменик Авдул Селам Селами,   беа на  почетокот на градежните активности на улица Кочо Рацин. 

Се асфалтираат  пет краци од оваа улица како и изградба на атмосферска канализација. Проектот се реализира преку Програмата за рурален развој, вкупната сума  е   15,1 милион денари. Овие проекти се од клучно значење на граѓаните затоа што се обезбедуваат квалитетни услови за живот и се подобрува инфраструктурата . Овој проект е важен затоа што 40 отсто од населението на оваа општина живее токму во овој дел од населбата -  рече Стојановски.   Најави дека ќе се реализира и уште еден проект преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој  а тоа е изградба на локален пат со поврзување на село Буслици и Војница со регионалниот пат Велес – Прилеп , со вредност од  близу 20 милиони денари. Изградба ја најави  од наредната недела.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека овој проект е важен затоа што граѓаните освен пат ќе добијат и заштита од атмосферската вода а со тоа и од можни поплави.

Во Општина Чашка со  двата проекти кои  се реализираат, се инвестираат вкупно 35,1 милион денари. Овој е историски проект бидејќи прв пат во 21- ви век на овие улици кои беа земјани и полни со кал се поставува асфалт и атмосферска канализација. Се решава за жал, егзистенцијален проблем на жителите  во овој дел од земјава– истакна Бабовски.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »