речник контакт

Со кредит од Светска Банка започна промената на светилките во општина Велес

Се заемнуваат 2.915 светилки со штедливи, на 154 улици во Велес и 25 села

Петар Печков

Со замена на канделабрите од главната градска улица 8-ми септември започна реализацијата на проектот   за промена на  уличните светилки со штедливи. Во старт се заменети 21 светилки а проектот продолжува се додека не се заменат 2.915  во општина Велес, на 154 улици освен во градот и во 25 села.  За ова општината се задолжи со   кредит од кај Светската банка  а за замената се наменети 21 милион денари. Изведувач на работите е  фирмата ДПТУ М- Златомир Трејд од Скопје.

Комплетно во цела општина, градот Велес и сите села  ќе се изврши замена на уличните светилки со штедливи.   Овој проект за  4,5 години е повратна инвестиција. Имаме три години грејс период со ниска камата.   Целите на проектот се подобрување на нивото на осветлување, заштеда на енергија и намалување на трошоците за одржување. Покрај финансиските резултати на проектот  со него се  зголемува на безбедноста по  улиците. Ако една светилка  имаше 4 илјади работни часа новите имаат 12 илјади.   Со овој проекти се заменуваат сите останати светилки на целата територија на општината. Како резултат на тоа, нема да има живини  светилки во општината повеќе – вели градоначалникот Славчо Чадиев.

Улично осветлување е дефинирано како област со најголем потенцијал за заштеда на енергија. Една од долгорочните цели на општина Велес е  да го замени целосно уличното осветлување во со нови светилки со што ќе се овозможи преполовување на тековните трошоци. Временска рамка на  замената на  уличното осветлување е планирана да  трае  до крајот 2014 година. Проектот предвидува подобрување на уличното осветлување во општина Велес.

Тоа ги опфаќа градот Велес и 25 рурални населби, сите населени места.  Со реконструкцијата на уличното осветлување ќе бидат заменети светилките во сите рурални населби каде што веќе постои,  при  што не е планирано замена на столбови. Пред три години со сопствени финансиски средства  заменети се околу 560 светилки на 21   улица во Велес, во централното подрачје. Локалната власт од ова доби  високи  заштеди во Буџетот.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »