речник контакт

Со легнати полицајци ќе се решаваат сообраќајките на пешачки

И кај општинските власти се запали црвеното ламбиче по серијата на сообраќајки, каде граѓаните страдаа на пешачки премин

Петар Печков

И кај општинските власти се запали црвеното ламбиче по серијата на сообраќајки, каде граѓаните  страдаа на пешачки премин.  Десетината вакви случаи за неколку месеци  ги алармираа власите и тие да преземат мерки за да се воведе ред и дисциплина кај возачите. И пешаците да се чувствуваат безбедно додека минат по пешачки премин.

Во наредниот период ќе поставуваме  т.н. легнати полицајци, но од друг вид, не како постојните. За проба ќе поставиме на приодите од градот. Новите  ,,легнати полицајци,, ќе бидат поголеми, пошироки и подолготрајни. Ќе одиме со кампања, со дополнителна едукација, со флаери, со спотови на телевизија, да придонесеме за побезбедно  што побезбеден сообраќај во нашиот крај. Тие ќе бидат поставени на самите пешачки премини.  Нашите обврски за хоризонталната и вертикална сигнализација редовно ја одржуваме. Тоа ќе биде и во неколку населени е места близу градот – најави  градоначалникот Славчо Чадиев.

За решавање на овој проблем до година на две локации ќе се градат и кружни текови, со што брзината на сообраќајот ќе се намали. Тоа е на приодот од  Штип кон Велес, на влезот во градот кај бензинската на Макпетрол и  кај фонтаната во Нова Населба.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »