речник контакт

Со мотокултиватор зимава се чисти снегот

ЈКП Дервен најде начин како мотокултиваторот да го користи за чистење на тротоарите

Петар Печков

  Мотокултиваторот со кои велешките комуналци ја обработуваа земјата, преку годината, зимава стана машина за чистење на снегот од градските тротоари. По идеја на вработениот во РЕ Комунална хигиена, Сашко Илиев, на предниот дел од мотокултиваторот марка,, Бертоли,, е инсталирана плоча.

Со нејзина помош лесно и ефикасно сега се чисти снегот од велешките тротоари, на задоволство на вработените кои не го ринат со лопати, но и на граѓаните кои добија неочекувано лесно чисти површини. А мотокултиваторот кој преку зимата беше неискористен, сега стана полезна машина во борбата со снегот.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »