Петар Печков
Објавено: петок, 23 јануари 2026
Музејската поставка на Одделението за историја на уметноста претставува 25 дела кои се извадени од музејските депоа на Народен музеј Велес. Тоа е простор каде се среќаваат врвни македонски автори и современата уметност. Тие се поставени пред јавноста, во објектот на институцијата. Преку сликарството и скулптурата се раскажуваат духот на времето. Делата се во сопственост на Народен музеј, освен едно, и се откупени или подарени.
„Изложените дела претставуваат внимателно селектиран пресек од развојот на македонската ликовна уметност. Поставката е авторско дело на Елица Николова –кустос советник во велешки музеј, која сега е во пензија. Поставените депоа цртежи и скулптури , хронолошки го следат развојот на уметничките тенденции од крајот на 19 до 80-тите години на 20 век. Поставката започнува со дела од профаното сликарство во Македонија, портретите на Ристо Копанданов и Димитрија Аџи Манче дела на Ѓорѓи Зографски“ – кажа Александра Гиовска, кустос за историја на уметноста.
Изложени се и „Пренос на ранетите војници“ од Никола Мартиноски, „Цвеќе“ на Ана Темкова, „Очекувањата на ослепените Самоилови војници“ дело на првиот македонски академски слиакр –велешанецот Ангел Петров. Има дело и на Миле Корубин, Васко Ташковски, Спасе Куновски. Од скулптурите присутни се дела изработени во дрво и мермер, на Васил Василев, Боро Митриќевски, Драган Поповски Дада.
| Tweet |





