речник контакт

Со петарди по кучињата скитници

Здружение за заштита на животните „Обезбеди живот‘‘ апелира немојте да ги напаѓате кучињата, можете сами да се повредите

Петар Печков

Во пред новогодишната гужва, петардите се присутни во градот. Некои наши сограѓани, нив ги фрлаат пред кучињата скитници, кои поради тоа имаат повреди.

Последниве денови сведоци сме на тажна и  лоша појава, младите да фрлаат петарди по кучињата скитници. Поради ова имаме неколку кучиња повредено, некои ги згриживме, други така талкаат по градот. Затоа апелираме, петардите не се играчка и заради себе, можете само да се повредите, не ги  фрлајте. Не само по кучињата скитници, туку по никого. Тие можат да ве повредат  - вели Робертино Васков од  велешкото Здружение за заштита на животните „Обезбеди живот‘‘

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »