речник контакт

Со петиција против екстерното полагање

Собирањето потписи е секој работен ден до вторник, од 17 до 21 часот кај Панини

Петар Печков

Во Велес заедно со 11 други  градови низ Македонија од  вторникот до следниот вторник се собираат потписи против екстерното полагање.  Тоа е во организација на  граѓанската организација Младинскиот образовен форум а собраните потписи ќе бидат доставени до Министерството за образование.

Имаме десет сериозни причини поради кои бараме екстерното полагање да биде пилот тест годинава.  Паѓање на компјутерски систем, одлагање поради долго чекање за полагање, законот не предвидува што ќе се случи ако ученикот добие единица на тестот, се дел од  пропустите. Затоа бараме годинава тој да биде пилот тест. Се добија нереални оцени поради технички пропусти - вели Дејан Ристов координатор во МОФ. 

Организаторот предвидел четири формулари каде може  секој поединец да се потпише,  за ученици, родители, граѓани и професори. По првиот ден само во Велес биле собрани 400 потписи. Потписите се собираат од 17 до 21 часот во близина на  ресторан Панини.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »