речник контакт

Со пораз на одбојкарите заврши натпреварувачката 2018-та година

ГОК Борец загуби дома од ОК Јанта волеј со 0:3

Петар Печков

Викендов се одигра првенствениот натпревар од последното есенско коло, деветото на Првата одбојкарска лига. Дома во салата на ОУ Блаже Конески, ГОК Борец загуби со максимални 0:3 од екипата на ОК Јанта волеј  од Скопје.

Младите велешани одбојкари  дадоа силен отпор (19,23,19)  но не освоија ниту почесен сет против гостите кои ја забележаа четвртата победа и останаа седми .

Така по 9 кола ГОК Борец е претпоследен 9-ти со една победа и осум порази.  Од спортските настани останува уште изборот за најдобриот спортист за оваа 2018-та година.   

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »