речник контакт

Со сопствени средства на жителите, асфалтирани четири улици во Горно Оризари (фото)

Асфалтиран се четири улици во населбата која брои 2,5 илјади жители, во должина од 1 км и површина од 4,5 илјади м2

Петар Печков

Жителите на Горно Оризари со сопствени средства извршија асфалтирање на четири улици во населбата во вкупна должина од еден километар. За ова нивна активност тие испратија писмена информација.

Градежната активност се изврши во овој период од дваесетина дена на месец ноември. Од Месната заедница информираа дека на ова се решиле откако локалната власт ја одбила понудата, со пола -пола финансирање да се изврши асфалтирањето.

Поднесена е иницијатива уште во текот на минатата година до Општина Велес, за асфалтирање на улиците, со 50 отсто учество. После година дена договарање, локалната власт откажа. Затоа одлучивме самостојно со сопствени средства да се изврши асфалтирањето со вкупна површина од 4,5 илјади м2 - пишува во соопштението на МЗ Горно Оризари.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »