речник контакт

Со ,,фиќо,, преку Железен мост

Надежда Алексовска, прва сосетка на Железен мост ја открива вистината, колку автомобили минале преку него

Петар Печков

Многу често слушани се муабетите дека по Железен мост минеле коли, вакви  или такви марки.  Надежда Алексовска е жена која четири и пол  децении од животот минала токму  во негова близина, во куќата на неколку метри од овој грандиозен објект.

Нејзиниот сопруг како вработен во железница, често отсуствувал, но затоа таа како домаќинка катадневно била тука и е сведок на настан кој со сигурност се случил.  Фиќо минало преку Железен мост. 

Беше попладне, не знам што ден, ама многу одамна,  кога слушнавме врева, излеговме од дома, кога што да видиме. Група од три четири момчиња туркаа фиќо по шините. Не ги прашавме како и зошто, но знам дека го минаа мостот, дали е во прашање опклада како што се зборуваше,  или нешто друго, тие знаат. Но факт е дека за толку години ова беше единствен момент кога кола мина преку мостот, никогаш порано и подоцна не се повтори   - вели Надежда Алексовска.

Објасни дека старата патека најмногу ја оштетувале помладите мотористите кои поради тоа што немале дозвола пред полиција бегале преку мостот или пак  за да го скратат патот.  Ова се однесува на дрвената патека од Железниот мост. Неколку години, на него има нова челична патека.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »