речник контакт

Со пораз КМФ Велес ги заврши предквалификациите за Лигата на шампионите

Велешани загубија од првакот на Малта со 5:8

Петар Печков

Со  пораз македонскиот првак КМФ Велес е елиминиран од првата  фаза на  пред квалификациите за Лигата на шампионите. Во третото коло велешани загубија со 5:8 од  Валета првакот на Малта. И пред почетокот на натпреварите  КМФ Велес ставуваше токму од овој противник, кој имал 45 дневни подготовки за оваа фаза на натпревар.

Со голот на Стојковски во 9 минута КМФ Велeс поведува,  за две минути во 16 и 17 минута,  гостите  прават пресврт со головите на Гомес. Со тој резултат завршуваат првите 20 минути.   Јераи во 22 минути носи предност од 3:1 за Валета а во истата минута Кабадзе  постигнува гол за  4:1.

Преку Левевски велешани намалуваат на 2:4 а гостите со голот на Ди Марио враќаат за 5:2. Ранготов во иста минута намалува на 3:5.  Во финишот КМФ Велес тргнува на се или ништо  и преку Левевски намалува на 4:5. Офанзивата  на домаќинот ја користат футсал фудбалерите на Валета и преку Гомес  во 39 зголемуваат на 4:6. Во бркотницата Глигоров намалува во 39 на 5:6. Во последна  минута со двата гола на   Букиа и Јераи Валета стигнува до конечни 5:8.

Победата им го донесе првото мести и пласман во следата фаза, квалификациите од Лигата на шампионите.  Така футсал екипата на КМФ Велес го заврши првото учество на второто место од предквалификациите. Натпреварите се играа во малата сала  на Јане Сандански во Скопје, оти салата Гемиџии во Велс според УЕФА не ги исполнува условите за овој ранг натпревари. 

Македонскиот футсал шампион кој дебитираше во ова натпреварување забележа   две победи над Футсамба Наас (Република Ирска) со 10:3 и Космос Талин (Естонија) со 4:0. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »