речник контакт

Спасиќ на ЕП на диви води, Златаров јуниорски првак на Македонија

Златаров и Небиoвски членови на јуниорската репрезентација

Петар Печков

Изминатиот викенд во Бања Лука, БиХ, на реката   Врбас се возеше Европското првенство во кајак на диви води, каде учествуваше и велешанецот Љубомир Спасиќ.  Во спринг К-1 по првото возење тој беше 31 додека во второто 27-ми од 35 учесници.    Спасиќ возеше и класик на 5 км, каде беше 32-ри од 37 учесници. Овој викенд  Спасиќ ќе учесвуа и во Евро купот во Бихаќ, на патеката на Уна каде ќе вози 1 и 2 класик и спринг.

Од кајакот  и инфомрацијата дека во неделата на патеката Стар мост во Велес се одржа  Кајак на диви води, Државно првенство за јуниори до 18 години. Велешанецот Александар Златаров кој вози за ККК Илинден од Скопје е нов државен првак, пред Енис  Небиовски и Стеван Кочов и  двајцата членови на ККК Вардар од Велес. Златаров и Небовски се  членови на македонската младинска  репрезентација која треба да настапи на Европското првенство во Краков,Полска кое ќе се одржи на крајот од Август.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »