речник контакт

Спасиќ учествуваше на ЕП кајак слалом на диви води во Лајпциг

Викендов вози на ЕП кајак спуст во Бања Лука

Петар Печков

Изминатиот виекнд во Лајпциг се одржа ЕП во кајак слалом на диви води.  Тројцата македонски репрезентативци  во К-1 завршија во  елиминациите. Меѓу нив беше   и   велешанецот Љубомир Спасиќ,  кој по првата трка беше 45-ти а во втората 31-ви.  

По првата трка  од 57 учесника, Атанас Николовски беше 42-ри, а Огнен Бражански беше 47-ми. Во втората трка, каде   возеа  37 кајакари, Николовски беше  22-ри а Бражански 32-ри. Со постигнатите времиња тие не се пласираа   меѓу првите 30 кои учествуваа во финалната трка. Европски првак стана  Французинот  Борис Нуво.

Македонските кајакари, Спасиќ, Николовски и Бражански, воезеа   екипно  во 3хК1, каде од 15 селекции, Македонија го зазеде 12-тото место а златото го освои Германија. Следниот голем  настан е Светското првенство кое ќе се одржи   во септември на Олимписката патека во Лондон, кое воедно е и квалификација за Олимпијадата во Рио  догодина.

Спасиќ овој викенд  настапува на ЕП во кајак спуст, кое се одржува во Бања Лука, каде ќе настапи во две дисциплини  класик и спринт. Потоа ќе учествува и во неколку трки од Европскито куп, во Бихаќ и Цеље.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »