речник контакт

Спасувачите во вода летово успешено интервенирале во 22 случаи

Здружението за безбедност на вода и планина Македонски спасител од Велес ова лето работеше на два локалитети, професионално на базен Снупи и волонтерски на езеро Младост

Петар Печков

Дваесет и две успешни интервенции имале велешките спасувачи ова лето. Толку давеници и сите спасени. Сите се случиле на Градскиот базен, ниту една на езерото Младост. Тие се задоволни од нивниот ефект но и од дисциплината на капачите. За да ги едуцираат делени се и флаери, преку кои граѓаните се запознавани со опасностите кои  можат да се случат при пливањето. Здружението за безбедност на вода и планина Македонски спасител од Велес ова лето работеше на два локалитети, професионално на базен Снупи и волонтерски на езеро Младост.

Оваа сезона Македонски спасител склучи договор за професионален ангажман на градскиот базен во Велес каде три месеци тим од осум спасители на вода ги обезбедуваа гостите- капачите и се грижеа за нивната безбедност во водата. Во овој период   имавме 22 успешни интервенции.  Давениците беа на возраст од 3 до 42 години, со што се потврдува досегашното искуство дека нема целна група кога се работи за опасност при давење во вода, Со тоа се покажа во пракса  потребата и законска обврска за спасители на секое организирано капалиште -  велат од здружението.

Летово  за прв пат во историјата на езеро Младост Здружението Македонски спасител од Велес постави волонтерска Спасителна служба составена од тимови со по двајца спасители на вода. Тие беа присутни на плажите на езерото т секој викенд и празниците.  Освен што дежураа  делени се  едукативни флаери и ги информираа посетителите на опасностите кои демнат после покачувањето на нивото на водата на езерото. Интервенции немаа на езерото, но затоа со самото присуство на спасителите, посетителите  се чувствуваа побезбедни при нивниот престој на брегот на оваа акумулација кадe летово имаше илјадници гости.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »