речник контакт

Споменикот на Гемиџиите во Велес и натаму без имиња

До денот на одбележувањето на 104 годишнината од Солунските атентати има само осум дена (27 април) а споменикот на Гемиџиите и без текст и имињата на загинатите.

Петар Печков

До денот на одбележувањето на 104 годишнината од Солунските атентати има само осум дена (27 април) а споменикот на Гемиџиите и без текст и имињата на загинатите.

Неколку месеци плочата е празна без 12-те велешани кои „Се арчеа за Македонија“ како што беше мотото под кое загинаа.

Непознати сторители ги украле месингените букви а локалната власт сеуште не поставила нови.

- Досега во два наврати ги менувавме украдените букви и плочи. Овој пат треба да се обезбедат средства за да се постават нови - велат надлежните од општина Велес.

Буквите се крадени неколку пати, во првите наврати тоа го сториле малолетници кои со истите ги пишувале нивните имиња во домовите, додека потоа бронзените букви и плочи беа примамливи за крадците на метал за да истите ги продадат во откупен центар.

\"\"

Но ваква не е само судбината на споменикот на Гемиџиите, слична е состојбата и со неколку други слични паметници. Од Спомен костурницата украдени се пет масивни бакарни табли со имињата на загинатите велешани во НОБ. Украдени се и три, од петте бисти, во Паркот на поетите, лоциран во дворот на Гимназијата. Од таму ги нема спомениците на поетите-револуционери Коле Неделковски, Мите Богоевски и Јован Поповиќ.

За да не се случуваат кражби, откако две завршија во реката Вардар, преостанатите три бисти на првоборците од Градскиот парк се дислоцираа во Младинскиот парк. Но при преселбата тогаш се случи тежок „гаф“ бидејќи ликовите не соодветствуваа со имињата на постаментите или изведувачот грешно ги поставил. Ова грешка беше исправена по една година, по реакцијата на „Дневник“.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »