речник контакт

Спомен куќата на Главинов обновена

Вчера во Велес свечено беше отворена реновираната спомен куќата на Васил Главинов и новата поставка на експонати од неговиот живот и дело со што се одбележува јубилејот 140 години од раѓањето и 80 години од неговата смрт.

Петар Печков

Вчера во Велес свечено беше отворена реновираната  спомен куќата на Васил Главинов и новата поставка на експонати од неговиот живот и дело со што се одбележува јубилејот 140 години од раѓањето и 80 години од неговата смрт.

- Негувањето на придобивките кои ни ги подарија великантие на Велес, меѓу кои е и Главинов, за насе не е само обврска туку и морален чин на искажување на пиетет кон неговото дело. Тој не го дочека остварувањето на неговиот сон, ни ги остави своите идеи, визии за ние да ги продолжиме. Убеден сум дека овој простор ќе прерасне во симбол на културниот бит на Велес и ќе го предизвика интересот на посетителтие од сите генерации – изјави Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес. Спомен куќата на Главинов е претставник на велешката архитектура од 19-тиот век, која е во непосредна близина со спомен куќите на Џинот и Касапови. Во една од просториите се наоѓаат фотографии од неговиот живот и дело, во друга е столарската работилница со алтките со кој Главинов работел. Од неа се пружа извонреден поглед кон реката Вардар и стариот дел на Велес.

- На јавноста и понудивме нови документи фотографии од животот и делото на овој македонскаи преродбеник, се што работел во земјава, часописи, списанија, активноsти како социјалист се презентирани на јавноста. Сега во неговата родна куќа се поставени предмети и дела кои се поврзани исклучиво со него, бидејќи претходно поставката опфаќаше еден поширок период од македонската историја. Најдовме и нов материјал во соработка со Музејот на Македонија. За жал кај нас во земјава нема многу достапен материјал, поголем дел се наоѓа во Софија, Бугарија и треба пари и истражување тој да се донесе  - изјави  Павлина Василевска виш кустос по историја при Народниот музеј на Велес.

Меѓу новите документи се и фотографиите на неговиот учител, Џинот кај кого го стекнал основното образовение, во првото училиште во Македонија, како и фотографиите на  Јане Сандански и Даме Груев со кого соработувал како социјалисти.  Главинов ( 1869 – 1929) е првиот социјалист во Македонија, организатор на работничкото движење, тој ја зачнува идејата за  грижа и кон работниците, наспроти дотогашната идеологија  на револуционерност. Во 1894-та го основал ,,Читалиштето,, првото просветно-работничко друштво во Македонија. Делото на Главинов оставило силе печат за нашата национална историја. Реновирањето на споме куѓата, како и новата псотавка беа финансиски поддржани од Министерството за култура и Општина Велес.

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »